Вести, забава, спорт...

Јелена Томашевиќ специјален гостин на концертот на Жељко Јоксимовиќ во Скопје

За четири дена ќе се случува вистински спектакл, Жељко Јоксимовиќ ќе настапува на уште еден во низата успешни концерти во Скопје.

На 11 ноември, сабота, во ВИП Арената „Борис Трајковски“ публиката може да очекува добра забава и многу изненадувања.

Едно од изненадувањата кои ги најавија организаторите, „Прагма продукција“, е ексклузивниот гостин на концертот, а тоа е српската поп-дива Јелена Томашевиќ.

Останати се само уште мал број билети, а поради огромниот интерес во продажба дополнително се пуштени М блоковите (М7, М8, М9).

Билетите може да се набават преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија, во „Пола Југотон“, „Југотон“ и цвеќарница „Розе” – Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.