Вести, забава, спорт...

Се топи во уста: Посна пита од тиква и цимет

Посна пита од тиква и цимет која се топи во уста…

Состојки:

500 гр кори за пита
500 гр тиква
100 гр шеќер
малку цимет
малку масло
една рака исечкани ореви (по желба)
шеќер во прав за посупување

Начин на подготовка:

Тиквата крупно изрендајте ја и зашеќерете ја, додајте цимет и ако сакате и ореви. Добро измешајте за сè да се соедини.

Земајте по две-три кори, па секоја пропрскајте ја со масло. На третата или четвртата (по желба) ставете фил од тиква. Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите сите кори.

Ставете во претходно загреана рерна на 180 степени и печете додека питата не порумени.

Кога ќе се излади, посипете со шеќер во прав и послужете.

Уживајте!