Вести, забава, спорт...

Таму каде се чини дека е крајот на патот, таму е всушност почетокот на нешто ново, УШТЕ ПОДОБРО

Ви го претставуваме Оресунд. Започнува како мост, завршува како тунел и претставува архитектонско чудо кое што ги поврзува Копенхаген и Малме.

Прочуениот Оресунд го сочинува мост со должина од осум километри, а продолжува со тунел во должина од 4 километри. И сето тоа не би било чудно, ако тунелот не почнуваше сред море.

Го дизајнирала данската фирма COWI на чело со главниот архитект Џорџ Ротном.

Мостот се завршува на остров направен од материјал изваден од морското дно, додека самиот тунел е направен од бетон.

Дозволено е флората и фауната на островот самите да се развиваат, па истиот набрзо стана рај за биолози, кои таму успеаа да пронајдат 500 различни видови на билки, но и многубројни птици, како и ретки зелени жаби.

Две третини од луѓето кои до сега го минале мостот, тоа го направиле со воз, а возењето од Копенхаген до Малме трае околу 35 минути.

Сите кои што сакаат да преминат, нормално треба да платат патарина.