Вести, забава, спорт...

ВНИМАВАЈТЕ: Ова е најопасниот смртоносен „дефект“ на возило во движење

Возењето автомобил со себе носи низа опасности, но една посебно се издвојува.

Најопасниот и најчест смртоносен „дефект“ на возило во движење е пукање гума. Од сите можни нагли дефеци на возило кои често резултираат со смртоносни последици, на самиот врв е пукање на гума.

Според судските вештаци за сообраќај, таквите незгоди во повеќето случаи се случуваат при големи брзини. Брзините над 130 км/ч се опасни, а при 200 км/ч автомобилот со пробушена гума лета во воздух

Најопасни се случаите кога тркалата налетуваат на остри метални предмети кои паднале од некој камион, па воздухот нагло излегува од гумата. Во такви ситуации доаѓа до голем пад на притисокот на гумата.