Вести, забава, спорт...

Аеродром одобри 300.000 денари за лицата со аутизам од здружението „Во мојот свет“

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, одобри 300.000 денари за вработување две лица за потребите на здружението во „Мојот свет“, кое се грижи за третман на лица со аутизам, АДХД и аспергеров синдром.

На средбата претставниците на здружението се запознаа со предизвиците со кои тие се соочуваат и нивните потреби за поефикасно работење. Здружението „Во мојот свет“ има потреба и од простории, а градоначалникот Марин се заложи да помогне и по ова прашање. Градоначалникот и претставниците дискутираа и за организирање меѓународна конференција за оваа проблематика.

Здружението „Во мојот свет“ веќе соработува со градинките и училиштата од општина Аеродром во сферата на едукација на кадри. Марин вети дека Општината ќе продолжи да се залага за уште поуспешна соработка и да нуди постојана поддршка.

„Ветувавме целосна поддршка и инклузија на лицата со попреченост и почнавме веднаш со работа во таа насока. Очекувам уште многу заеднички корисни проекти со цел максимална инклузија за секој граѓанин“, изјави градоначалникот Марин.