Вести, забава, спорт...

Идеја за намаз: Паштета од шампињони

Ви донесуваме прекрасен рецепт за паштета од шампињони…

Состојки:

250 гр шампињони
40 гр ореви
30 мл вело вино
100 гр крем сирење
1 главица црвен кромид
мајчина душица
сол
бибер
багет за брускети
маслиново масло

Начин на подготовка:

Лебот исечете го на 12 парчиња. Распоредете ги на хартија, пропрскајте со маслиново масло и ставете ги на 2-3 минути во печка загреана на 240 степени додека не добијат златна боја.

Печурките исчистете ги и исечкајте ги на тенки парчиња.

Црвениот кромид исечкајте го и издинстајте го 5-6 минути на малку масло. Додајте печурки, налијте со бело вино и оставете течноста да испари. Посолете, побиберете и на крај додајте листови мајчина душица.

Печурките динстајте ги десетина минути. Илзладете ги, а потоа измешајте ги со сирење и ореви. Сите состојки разматете ги со миксер додека не добиете компактна смеса. Паштетата намачкајте ја на брускети и послужете.

Добар апетит!