Вести, забава, спорт...

Мусака од бајат леб: Од надвор крцкава, од внатре мека!

После овој рецепт сигурни сме дека поретко ќе ја правите стандардната мусака со компири.

Состојки:

500 гр мелено месо
половина векна бајат леб
4 јајца
100 мл мелко
1 главица кромид
200 гр кашкавал
1 лажица мешавина од зачини
масло
сол
мелен црн бибер

Начин на подготовка:

Во тава со загреано масло пржете ситно сечкан кромид. Додајте мелено месо, посолете и побиберете. Во намастен керамички сад редете парчиња леб. Преостанатите парчиња исечете ги редете ги во садот, така што целото дно ќе биде прекриено со леб. Нанесете смеса од мелено месо, па наредете го останатиот леб.

Скршете јајца, додајте лажица мешавина од зачини и разматете. Додајте млеко и со ова прелијте ги парчињата леб, па испечете.

Топлата мусака исечете ја на парчиња и сервирајте.

Добар апетит!