Вести, забава, спорт...

НАПРАВЕТЕ САМИ: Сируп против кашлање по рецепт на нашите баби!

Настинката и грипот речиси секогаш се проследени со кашлање кое може да биде прилично болно. Иако на пазарот можете да пронајдете многубројни фабрички произведени сирупи, факт е дека не можете со сигурност да го знаете нивниот состав, па дури и ако на нив е напишано дека се со растително потекло.

Од друга страна, сируп за кашлање можете сами да подготвите и тоа по рецептот на нашите баби. Според тврдењата, тој е ефикасен како и фабричкиот, но во неговиот состав има само природни состојки.

Еве како да го подготвите:

СОСТОЈКИ:

250 грама сиров мед

60 милилитри девствено маслиново масло

3 исцедени лимони

ПОДГОТОВКА:

Ставете ги сите состојки во помал лонец и загревајте на слаб оган, се додека сирупот не почне да испарува. Тргнете го од оган и оставете го да се излади. Сирупот ставете го во помала тегличка која добро ќе ја затворите. Можете да го чувате во фрижидер до три месеци. Користете го по потреба…

На деца им се даваат до три лажички дневно, а возрасните можат да земаат до две лажици дневно. Загрејте го и промешајте пред употреба.