Вести, забава, спорт...

ОВА ќе ви треба после најавите за ПОСКАПИ ГОРИВА: Еве неколку трикови како да заштедите на гориво

Ништо не укажува на тоа дека наскоро би можела да не израдува пониска на горивата.

Затоа, за оние кои поради некоја причина не можат да се откажат од своите возила, не постои ништо друго освен да штедат при возењето.

Еве неколку начини како да заштедите …

Слабо надувана гума секогаш ја зголемува потрошувачката. Затоа, често проверувајте го притисокот во гумите;

Не забрзувајте и не кочете непотребно, одржувајте темпо во возењето;

Не вклучувајте непотребни различни уреди кои ја зголемуваат потрошувачката- клима уред, грејач на стакло, грејач на седиште итн;

Поврзете ги дестинациите бидејќи возењето на кратки релации троши повеќе гориво;

Редовно одржувајте го возилото;

Немојте непотребно да го оптоварувате возилото – ослободете го од сите непотребни работи што ги превезува (на пример, багажник на кров);

Возете на ниски вртежи, порано префрлувајте на повисок степен;

За време на подолго застанување исклучете го моторот;

Не возете со отворени прозорци – протокот на воздух ја намалува аеродинамиката.