Вести, забава, спорт...

ОВА може да ви го промени животот: Ги дознал 10-те разлики помеѓу сиромашните и богатите и ги споделил со светот

– Бев богат, и бев сиромав. Знам како е тоа да се биде и на едната и на другата страна, вели во својата исповед Дануиел Али.

Тој во својот авторски текст на Бизнис Инсајдер се обидел да објасни кои се разликите помеѓу богатите и сиромашните луѓе.

Тој, имено, пораснал во сиромаштија, и секогаш сакал да биде богат. На 24 години го заработил првиот милион, и кога „му тргнало“, сфатил дека „ако не живееш во богатство, едноставно си сиромашен“.

Сега работи како бизнис консултант, има своја компанија и веќе нема проблеми какви што имал во младоста.

1а. Сиромашните луѓе се скептични

Се сеќавам на еден поранешен колега рудар кој знаеше да каже:

„Тие механичари ќе ти ја одерат кожата. Само чекаат слаби луѓе. Штом не ги гледаш ќе ти наплатат дупло.“

Тој всушност мислеше дека сите неправедно ги сакаат баш неговите пари и дека сакаат да му ги земат.

1б. Богатите луѓе имаат доверба

Она што е изненадувачко е што голем број богати луѓе ги оставаат становите и автомобилте незаклучени. Од друга страна, кај сиромашните тешко ќе видите такво однесување. Богатите имаат тенденција да им веруваат на оние кои ги среќаваат (со причина).

2а. Сиромашните луѓе бараат виновник

Сиромашните луѓе секогаш се во потрага по проблем наместо во потрага по решение. Тие обвинуваат се` – опкружувањето, времето, околностите, работата, владата, и ќе направат листа од изговори зошто не можат да бидат успешни.

2б. Богатите луѓе бараат успех

Богатите луѓе сфаќаат дека се` се случува со причина. Наместо да остават животот да им се случува, тие преземаат директни акции и прават големи работи. Изговорите и листата потенцијални виновници ги оставаат на страна, бидејќи се свесни дека она што се мора, мора да се направи.

3а. Сиромашните луѓе се занимаваат со претпоставки

Кога се работи за дознавање на вистината, сиромашните луѓе често се занимаваат со претпоставки. Ако на пример сакаат да дојдат до некоја позната личност тогаш обично велат: „Веројатно нема време да разговара со мене“. Наместо да ги проверат фактите и да постават прашања, тие никогаш не прават вистински обиди како би дошле до она што го посакуваат.

3б. Богатите луѓе поставуваат прашања

Многу богати луѓе го поставуваат прашањето – Што ако? На пример – „Што ако напишам и-мејл до претседателот и тој ми одговори?“ Ако почнете да поставувате прашања, ќе се поштедите себе си од доста маки. Моќта е во рацете на оние кои поставуваат вистински прашања. Тие не одговараат на вашите прашања, ги преиспитуваат одговорите.

4а. Сиромашните луѓе велат „Тие“ и „Нив“

Во продавница една жена на каса вели: „Тие никогаш немале доволно касиерки. Не ми е јасно што не е во ред со нив.“ Очигледно оваа жена не презела никаква одговорност во врска со својата работа. Очигледно се дистанцирала од работата за која е платена.

4б. Богатите луѓе велат „Ние“

Во еден од моите омилени ресторани келнерот во една прилика ми рече: „Посебно задоволство ни е да подготвуваме бифтек на вистински оган.“ Неговото чувство на гордост и припадност ме поттикна и подоцна му дадов пристоен бакшиш. Ќе бидете богати кога ќе инвестирате во она во што верувате.

5а. Сиромашните луѓе го сакаат најефтиниот начин

Бев во шопинг со пријател кој сакаше да купува само ако налета на најефтина облека. Се случува да остане во продавница и да купи облека и која не ја сака. На крај никогаш не ја носи, бидејќи всушност ја купил „цената“ а не гардеробата.

5б. Богатите луѓе го сакаат најдобриот начин

Богатите луѓе ќе поминат и километар повеќе како би пронашле квалитетен материјал. Тие не се ограничуваат на цената и често бараат одредени услуги додека купуваат. Никогаш не сакаат да се задоволат со работи кои се безвредни и неупотребливи.

6а. Сиромашните луѓе мислат дека парите се поважни од времето

Милиони луѓе ширум светот го менуваат своето драгоцено време за пари. Секогаш можеш да вратиш 500 долари, но не и 50 часа. Сепак, повеќето луѓе го менуваат времето за пари и поради тоа никогаш не го постигнуваат својот вистински потенцијал.

6б. Богатите луѓе знаат дека времето е поважно од парите

Богатите луѓе никогаш не го менуваат времето за пари. Тие всушност бараат искуства кои ги исполнуваат во животот и кои драматично ги менуваат нивните животи. Нивните кариери повеќе се фокусирани на тоа да го работат она што го сакаат и да им помагаат на другите.

7а. Сиромашните луѓе се натпреваруваат

Кога сиромашен ќе види прилика, истражува како тоа го прават другите па ги имитира. Во повеќето случаи не го разгледува другиот начин. Наместо тоа, тие веруваат дека ако го прават истото како и другите, тоа ќе биде најдоброто што можат да го направат за себе.

7б. Богатите луѓе создаваат

Моите богати соседи беа незадоволни кога видоа дека нивното порше не стигна во одредена нијанса зелена боја, како што посакуваа. Поради тоа одлучија да направат свое зелено порше со неверојатни спецификации. Никогаш не сум видел такво нешто.

8а. Сиромашните луѓе се жалат, осудуваат и критикуваат

Повеќето сиромашни луѓе научиле да бидат сиромашни од своите претходници. Нивните членови на семејствата просто ги условиле дека се` е погрешно наместо да е исправно. Ако некогаш сте слушнале како некој прашува „Што не е во ред?“ ќе знаете што мислам.

8б. Богатите луѓе фалат и уживаат во своите благодети.

Богатите знаат дека имаат многу привилегии, но не ги земаат здраво за готово. Поради својата благодарност за подароците, љубовта… во состојба се да произведат повеќе. Во многу случаи пофаленото (награденото) напредува.

9а. Сиромашните луѓе бараат совет од аматери

Тие често ги слушаат мислењата на другите и бараат одобрување од познаниците. Веруваат во речиси се` што ќе слушнат без преиспитување дали тоа е баш така. Ги прифаќаат мислењата како факти и не сакаат да истражуваат понатаму ако се задоволни со одговорот.

9б. Богатите луѓе бараат совет од експерти

Богатите научиле да мислат со својата глава. Ако нешто не разбираат, тие бараат совет и помош од експерти. Тие често плаќаат за совет а добиваат низа можни опции. Научиле дека експертите само даваат предлози, што значи дека не се ограничени само на одредени акции кои можат да ги преземат.

10а. Сиромашните луѓе имаат големи телевизори

Сиромашните луѓе трошат многу време да се впуштаат во спорадични слики над кои имаат малку или воопшто немаат контрола. Слободното време го користат да ја избегнат уметноста на размислувањето (што е најпредизвикувачка задача) а потоа се вртат кон она што повеќето го сметаат „забава“.

10б. Богатите луѓе имаат големи библиотеки

Богатите луѓе се образовани и читаат доста книги. Го користат своето знаење на начин кој може да им биде од корист. Наместо да се занимаваат со случајни активности, тие својот ум го користат да се разберат себе си, другите и светот во кој живеат. Од друга страна, како што ви се зголемува библиотеката низ годините, така ќе се зголемува и вашата куќа. Можам тоа да го потврдам.

За да добиете вистинска перспектива како да станете богати, мора да ги проучувате богатите луѓе. На крајот на краиштата, стануваш она што го студираш. Ако моментално сте опкружени со луѓе кои не се богати, само правете го спротивното од она што тие го прават.