Вести, забава, спорт...

ШАНСА ЗА РАБОТА: Во Германија отворени многу работни места – еве во кои сектори

„Во споредба со минатата година побарувачката пораснала особено во преработувачкиот сектор, сообраќајот и логистиката“, рекол Алкесандер Кубис од IAB.

Во Германија побарувачката на работна сила и натаму расте така што во третиот квартал оваа година биле отворени 1.097.600 работни места, што е за 175.000 повеќе отколку во истиот период минатата година, соопшти во понеделникот Институтот за истражување на работа (IAB), кој делува во склоп на Сојузната канцеларија за вработување.

„Во споредба со минатата година побарувачката пораснала особено во преработувачкиот сектор, сообраќајот и логистиката“, рекол Алкесандер Кубис од IAB.

Побарувачката исто така и натаму е висока во секторите: услуги, градежништво и трговија. Најголема побарувачка владее во помалите компании со најмногу 50 вработени, зад кои следат средно големите претпријатија.

IAB четири пати годишно ги испитува компаниите кои во канцеларијата за вработување пријавиле отворени работни места.

Кон крајот на октомври повторно е забележана ниска стапка на невработеност, а изнесувала 5,4 отсто.

Во октомври оваа година имало 150.000 невработени помалку отколку во истиот период минатата година. Експертите проценуваат дека големата побарувачка за стручна работна сила нема да биде можно да се покрие со засилено населување од земјите од Европска унија, туку потребно е и отварање на германскиот пазар за работа за стручњаци од целиот свет.