Вести, забава, спорт...

Утре без струја дел од неколку скопски општини

Поради технички зафати, утре без електрична енергија ќе бидат дел од општините Центар, Кисела Вода, Карпош, Гази Баба и Чучер-Сандево.

Како што соопшти РЦУК, од 8.30 до 12.30 часот без струја ќе останат корисниците на дел од булеварот Партизански одреди, меѓу булеварот 8 Септември и улицата Франклин Рузвелт и корисниците на дел од улиците Каирска, Анкарска, Римска, Алжирска, Бахар Моис, Њуделхиска, Наум Евро, Дрезденска, Атинска и Багдатска во Карпош, од 9 до 15 часот корисниците на дел од фирмите на Качанички Пат и другите објекти во нивна близина, како и корисниците од улиците бр. 8 и бр. 2 во Чучер-Сандево, од 8.30 до 15 часот корисниците од сите објекти во поранешната „Стакларница“ и фирмите во нејзин склоп, од 9 до 14 часот корисниците од улицата Стив Наумов бр. 75 и бр. 61 а во Гази Баба, а од 9 до 14 часот корисниците на дел од улицата Дебарца во Центар.