Вести, забава, спорт...

Чувајте ги фискалните државата ќе враќа ДДВ: По околу 30.000 денари за секое семејство

Луѓето имаат потреба од поголеми приходи и помали давачки, наспроти 10-годишното осиромашување.

Еден од начините како да се вратат парите кон граѓаните е преку враќање на 15 % од платениот ДДВ од нивните потрошувачки сметки, најави СДСМ во својат предизборна програма.

На посебна картичка ќе се регистрираат парите од вратениот данок. Таква картичка ќе има секој граѓанин.

За секој купен производ или искористена услуга за коишто државата наплаќа ДДВ преку фискалните сметки, 15% од вкупниот платениот износ за ДДВ ќе се враќаат на сметка на граѓаните.

Ова значи дека во секое семејство, ако се пресмета на годишно ниво, ќе влегува плата плус од околу 30.000 денари.

Со плата плус дома, луѓето ќе можат да испланираат годишен одмор, или детска соба за своето дете, или ќе покријат некоја кредитна картичка или дел од заостанат долг.

Според информациите овој закон ќе започне како пилот проект на почетокот на 2018-та во неколку општини, додека за кратко време ќе се прошири и низ целата земја.