Вести, забава, спорт...

Еве како да дознаете КОЈ ВЕ ИЗБРИШАЛ од Фејсбук

Фејсбук во последниве неколку години престана да биде само социјална мрежа, веќе е составен дел од животите на многу луѓе низ светот.

Поради тоа, многумина ќе се изнервираат кога некој од нивните Фејсбук пријатели ќе ги отстрани од листата пријатели, без претходно предупредување и објаснување. Многумина ќе се загрижат дали направиле или рекле нешто погрешно, што може да биде и тоа како стресно.

Затоа програмерите осмислиле апликација „Who deleted me“, која ви овозможува да следите кој ве избришал од листата пријатели.

Оваа апликација е достапна за Chrome и Firefox, но можете да ја инсталирате и на Android и iOS оперативните системи.

Начинот на работа на апликацијата е едноставен, кога ќе ја инсталирате се логирате преку Фејсбук и таа ќе ја преземе листата на ваши пријатели. Секој пат кога одново ќе го покренете пребарувачот, ова апликација ќе ја освежува вашата листа пријатели, и ќе ви открие кој од пријателите веќе го нема.

За жал, тоа значи дека немате моќ да видите кој ве избришал досега.