Вести, забава, спорт...

Симеоне му фрлил око на Салах

Мохамед Салах, 25-годишниот напаѓач на Ливерпул, по само четири месеци, можел да го напушти „Енфилд“ и да се пресели во Шпанија. Како што објави „Ел гол дигитал“, сериозен интерес за Египќанецот покажува Атлетико Мадрид.

Салах во летниот преоден рок од Рома се пресели на „Енфилд“, а Ливерпул за неговите услуги издвои 40 милиони евра. Сезонава Салах има постигнато 12 гола на 16 одиграни натпревари во црвениот дрес.

Според истиот извор, Диего Симеоне, тренерот на Атлетико, бил воодушевен од квалитетите на Салах поради што бил подготвен во јануарскиот преоден рок да издвои 55 милиони евра.

(Макфакс)