Вести, забава, спорт...

Буџетските приходи ќе бидат зголемени единствено преку зголемување на акцизата за нафта

Во предлог-буџетот за 2018 година, кој денеска пред јавноста го објави премиерот Зоран Заев, не се предвидени поголеми даночни промени.

„Буџетските приходи ќе ги зголемиме единствено преку зголемување на акцизата на нафта од 3 денари. Тие пари ќе завршат во капитални проекти во образованието, за детски градинки, за библиотеки, за рамномерен регионален развој и капитални инвестции во општините, во здравството и другите важни сегменти на општественото живеење. Ова го правиме со цел да не го зголемуваме дополнително јавниот долг“, рече Заев.

Тој додаде дека со овој потег Владата ќе направи сериозен исчекор и кон усогласување со европските стандарди и регулативи со цел намалување на загадувањето на воздухот.

Според Заев, малопродажната цена на дизелот, и покрај покачувањето, останува најниска во регионот, со вредност од 0,86 евра, а во сите други држави од опкружувањето цената е меѓу едно и едно и пол евро за литар дизел. Како што рече Заев, зголемувањето е минимално во однос на европските препораки.