Вести, забава, спорт...

Евролигашко сефте за Анадолу Ефес

Анадолу Ефес дури во шестото коло ја забележа првата победа во Евролигата. Ефес славеше во Барселона 89:85. На отворањето на шестата евролигашка руда убедливи беа Жалгирис и ЦСКА Москва, а Реал загуби од Макаби.

Ефес конечно успеа да забележи победа во новата сезона. Избраницит на Велимир Перасовќ во „блауграна“ водеа во текот на целиот натпревар, често имаа и двоцифрена предност, а Барселона поразот го ублажи во последните 44 секунди кога направи серија 10:0.

Штимац го предводеше Ефес со 22 поени, 8 скока и 2 украдени топки додека Американците Рики Ледо и Ерик Мекалум постигнаа по 21 кош.

Пораз доживеа и вториот шпански великан Реал. Тимот од Мадрид гостуваше кај Макаби, имаше предност до 15 минута кога Макаби го презеде водството што веќе не го испушти.

Дешон Томас постигна 19, Мајкл Рол 16 поени за победникот, а Рел го предводеше Лука Дончиќ со 19 поени.

На преостанатите две средби ЦСКА убедливо славеше над Валенсија 94:67, а Армани доживеа дебакл од Жалгирис 62:94.

(Макфакс)