Вести, забава, спорт...

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Со автомобил влетал во група средношколци

Еден маж намерно удрил со своето возило во група на ученици пред средно училиште во Тулуз, јужна Франција при што биле повредени 3 лица, а двајца од нив се во сериозна состојба, соопшти полицијата. Возачот бил веднаш уапсен на местото на настанот, јави Радио Слободна Европа.

28 годишниот маж и бил познат на полицијата за извршување на помали прекршоци, но не бил на листата на познати екстремисти, јави Асошиејтед прес, цитирајќи неидентификувани полициски извори.