Вести, забава, спорт...

Нејмар се распрашувал дали може да се врати во Барселона!?

По само неколку месеци кога за рекордна сума од 222 милиона евра од Барселона се пресели во Пари Сен Жермен, иднината на Нејмар во Градот на светлината е повеќе од неизвесна.

Од моментот кога трансферот беше најавен, него го следеа голем број контроверзии. Најпрвин Бразилецот на не премногу пријателски начин замина до Барселона чекајќи да го добие бонусот за лојалност во износ од 26 милиони евра.

Потоа тој во чудна трансакција, кога речиси сам ја плати откупната клаузула од 222 милиона евра, замина за Париз, а потоа двете страни си разменија тужби, по што заврши сагата за трансферот.

Кога му се приклучи на тимот, Бразилецот го чекаше нов проблем – Единсон Кавани, староседелец во ПСЖ, кој на дуелот со Лион не му го препушти изведувањето на пеналот.

Оваа караница која го обиколи светот, најверојатно, ќе стави крај на престојот на Кавани во Париз.

Поради овие работи, локалните медиуми започнаа да шпекулираа дека Нејмар е не е среќен во ПСЖ и во Париз воопшто, а вистинска бомба предизвика информацијата што ја објави каталонски „Спорт“, инаку весник кој е близок до Барселона. „Спорт“ објави дека 25-годишниот напаѓач, кој неодамна беше во Барселона и ги посетил клубот, ги прашал поранешните соиграчи дали би го примиле назад.

Наводно, тој во разговор со Меси, Пике и Суарез ги испитувал за теренот за можно враќање на „Камп Ноу“.

Сепак, барем засега на теренот не може да му се забележи дека Нејмар е несреќен и незадоволен во Париз. ПСЖ е лидер во француското првенство, веќе обезбеди пласман во нокаут-фазата во Лигата на шампионите и тоа без примен гол, а Нејмар на 12 натпревари има учинок од 11 гола и 9 асистенции.

(Макфакс)