Вести, забава, спорт...

Ноќна атлетска трка на улиците на Скопје

Во согласност со календарот за натпревари за 2017 година, по повод празникот 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, Атлетската федерација на Македонија во соработка со Град Скопје ќе организира атлетска улична трка во централното градско подрачје на 12 ноември 2017 година со почеток во 16 часот.

Стартот на трката ќе биде на плоштадот Македонија во близина на фонтаната „Воинот на коњ“, ќе се трча во правец на портата „Македонија“, па се врти лево и се влегува во подземниот премин на ГТЦ, се излегува од сутеренот на ГТЦ, се врти десно на улицата Војвода Васил Аџаларски покрај Градската болница, се врти десно и се излегува на булеварот 11 Октомври кон Собранието на Р. Македонија во правец на улиците Димитрија Чуповски и Вељко Влаховиќ, кај поранешниот „Мекдоналд“, пред семафорите се врти десно во правец на плоштадот Македонија пред фонтаната и се завршува кај плоштадот Пела под портата „Македонија“.

(Makfaks)