Вести, забава, спорт...

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА: Американско-Индиска компанија ќе произведува електрични возила и скутери во Македонија?

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција објави дека Владата е во сериозни преговори со Американско – Индиска компанија за производство на возила и скутери на електрична енергија.

– Сериозно сме влезени во преговори со Американско – Индиска компанија за производство овде и не само на возила, туку и на скутери на електрична енергија, кое што само по себе е тенденција која што ја кажувам, за да знаете дека сме во трајна определба на современите Европски текови на следење. Навистина електричните возила секаде се ослободени од акцизи. Тоа ќе го правиме, не само за акумулаторите, туку и за другите делови кои што се важни да стимулираат електрични возила. Како една од определбите која што ја кажавме и за заштита на воздухот. Секако, во однос на еколошките аспекти за граѓаните, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање.