Вести, забава, спорт...

Отворен 16. фестивал на европски филм „Синедејс“

Почна шестнаесеттото издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“, во Скопје.

Отворањето на фестивалот традиционално се случуваше во „Милениум“, каде што обраќање пред присутните имаа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, и директорот на МКЦ, Златко Стевковски.

Фестивалот беше отворен со сатиричната комедија „Квадратот“ на шведскиот режисер Рубен Естлунд, кој на Канскиот фестивал ја освои „Златната палма“.

Годинава официјалната селекција брои осум филмови, а шест се дел од програмата Сине Балкан.

Покрај нив ќе се прикажуваат филмови во уште неколку програми, и тоа, гала-програма, музички документарци, Синедејс плус, шведски филмови од програмата „Земја во фокусот“, македонски кратки и студентски филмови, како и придружна програма со седум концерти и четири работилници.

Фестивалот е во организација на Младинскиот културен центар и ќе трае до 19 ноември.

(Макфакс)