Вести, забава, спорт...

ФОТО: Јоксимовиќ пристигна во Скопје

Балканската музичка ѕвезда и кантавтор Жељко Јоксимовиќ со авион на Air Serbia денес попладне пристигна на скопскиот аеродром. Тој веднаш по слетувањето замина да се подготвува за вечерашниот концерт кој ќе се одржи во Вип Арената Борис Трајковски од 21:00 часот.

Останат е уште мал дел од билетите, сите што сеуште немаат набавено билети, истото може да го направите на билетарата во Вип Арена Борис Трајковски. Вратите на арената се отвораат 2 часа порано.