Вести, забава, спорт...

Конституиран советот на општина Гази Баба

Советот на општина Гази Баба вчера одржа конститутивна седница на која се верификуваа мандатите на членовите на Советот, избрани на локалните избори што се одржаа минатиот месец.

За претседавач на Советот беше избран Тони Бојковски од ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија.

Во општина Гази Баба се одржаа два изборни круга, а довербата од граѓаните ја доби Борис Георгиевски од СДСМ.