Вести, забава, спорт...

Преубава манекенка загина во несреќа во автомобил на богаташ

Мисицата Стефани Ривера Камарена (26) загинала во страшна несреќа во Сан Диего, откако автомобил „ламборџини“, кој го возел милионер, се забил во палма и изгорел.

Стефани, Miss Earth Baja California 2015, после судирот излетала од луксузното возило и од здобиените повреди починала во болница.

33-годишниот Мајкл Ламас, милионер кој своето царство го изградил од продажба на медицинска марихуана, бил зад воланот, а после кобниот судир и тој починал.

Според полицијата, возачот возел со брзина поголема од 160 километри на час кога изгубил контрола над автомобилот и се забил во палма. Не е откриено дали во телото се пронајдени траги од алкохол или дрога.