Вести, забава, спорт...

Патот „Арбри” има за цел да создаде економски коридор со Македонија, вели Рама

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Пешкопеа соопшти дека на заедничката седница меѓу владите на Албанија и на Македонија што ќе се одржи во Поградец ќе побара од македонската Влада да го продолжи патот „Арбери“ и на нејзина територија.

Рама соопшти дека изградбата на патот „Aрбери“ во должина од 72 километра ќе почне следната година, ќе трае 44 месеци и ќе чини 33,6 милијарди. Тој додаде дека со овој пат за околу 100 километри ќе го скрати растојанието од Тирана до Дебар.

– На состанокот со македонскиот премиер во октомври, беше договорено да се одржи заедничка владина седница во Поградец на која ќе одлучиме дека е неопходно и македонската страна да го заврши патот „Арбери“ од другата страна. Ќе го приближиме Дебар со Тирана. Тоа е многу пократок пат кој ќе реши голем проблем, рече Рама.

Според албанскиот премиер, „Арбери“ не поврзува само една област со друга, туку е стратешки за развој на економијата, вработувањето и туризмот.

– Патот „Арбри” има за цел да создаде економски коридор со Македонија, преку Дебар и да го направи пристаништето во Драч подостапно, истакна Рама.

Извор: Мета.мк