Вести, забава, спорт...

Рама: Ќе разговараме со македонската влада, патот Арбери да продолжи и во Македонија

Официјална Тирана ќе побара од Македонија и таа да се вклучи во продолжувањето на ,,Патот Арбери“ и на македонската територија, на заедничката седница на Владите на Албанија и Македонија која ќе се одржи во Поградец. Ова го изјави премиерот на Албанија Еди Рама за време на неговата посета на Пешкопеја, град кој е во близина на границата со Македонија.

Албанскиот премиер изјави дека,, Патот Арбери“, кој ја поврзува Тирана со областа Дибра, во близиа на границата со Македонија кај Дебар, покрај тоа што ќе овозможи развој на источниот дел на Албанија, ќе има позитивни економски ефекти и во поширокиот регион. Рама за време на посетата на градот Пешкопеја, нагласи дека овој голем пат кој од Тирана до границата ќе биде само 73 километри, односно околу 100 километри помалку од сега, ќе го развие целиот регион на Албанија, но и пошироко.

Изградбата на овој автопат како што е нејавено треба да заврши целосно за три години. Според проектот, автопатот Арбери, Албанија го гради до границата со Македонија, кај Дебар. Инаку овој Автопат се гради неколку години, но поради финасиски проблеми се завршени само делови од патот.

Градоначалникот на Дебар, Ружди Лата и Советот на опшптината оценуваат дека овој автопат видно ќе влијае врз развојот на поширокиот дебарски регионон, но и врз економската размена на Македонија и Албанија. Слични оценки имаат и локалните власти во пограничните општини со Албанија, Центар Жупа, Маврово и Ростуше.