Вести, забава, спорт...

Синоптичарите најавуваат ПРОМЕНИ – еве какво ќе биде времето наредниве денови

Ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

И утре ќе има повремени врнежи кои ќе се со локален карактер, а во јужните а особено во југоисточните делови ќе има услови да бидат поројни и со појава на грмежи. Ќе продолжи да дува јужен ветер кој на повеќе места ќе биде засилен, особено вдолж Повардарието и источните делови.

Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, и ќе се проследени со северен ветер и опаѓање на температурата, а на планините врнежите ќе поминуваат во снег.