Вести, забава, спорт...

„Царевиот лудак“ на најпознатиот естонски книжевник од 20 век Јан Крос на македонски јазик

Издавачката куќа „Прозарт Медиа“ го објави романот „Царевиот лудак “ од естонскиот писател Јан Крос, повеќе пати номиниран за Нобелова награда за книжевност. Во ремек-дело на најпознатиот и најценетиот естонски книжевник од 20 век Јан Крос (1920-2007), го запознаваме Тимо вон Бок, вистинска историска личност од времето на Александар Ι, кого царот заради искреноста го протерал и го прогласил за луд.

За да го исполни ветувањето кое му го дал на царот уште во детството – дека секогаш ќе му ја кажува вистината – тој горлив идеалист му испраќа писмо во кое го критикува неговото владеење, но тоа не е вистината која царот сака да ја чуе.

Романот е пишуван во форма на дневник кој го води шурата на Тимо, а бројните алузии на советскиот режим и неодоливиот хумор на авторот придонеле за големата популарност на делото во Естонија, но и во светот, за што говори и податокот дека „Царевиот лудак“ е преведен на дваесетина јазици и овенчано со бројни награди.

(Макфакс)