Вести, забава, спорт...

Над 300 лица загинаа во земјотресот што ги погоди Ирак и Иран

​​Најмалку 335 лица, а повеќе од 3.000 се повредени во силниот земјотрес што ја погоди областа на иранско-ирачката граница во иранската провинција Керманшах.

Бројот на жртви постојано расте.

Земјотресот бил со јачина од 7, 3 степени според Рихтеровата скала, а бил почувствуван во неколку ирански провинции, а најтешко го погодил Керманшах, каде што е прогласена тродневна жалост. Стотици загиинаа само во оваа област, а најголемата болница е многу оштетена, така што на повредените не може да им биде пружена лекарска помош.

Земјотресот бил почувствуван и во Ирак, каде што десетици лица загинаа во делот на Курдистан, изјави курдскиот министер за здравство.

Неколку ирански и ирачки градови се без електрична енергија, а илјадници луѓе останаа на улиците поради страв од нови потреси .

Иранскиот сеизмолошки центар регистрираше 50 последователни потреси.