Вести, забава, спорт...

Детската амбасада ја поддржува иницијативата аеродромот да се преименува во Киро Глигоров

Детската амбасада за сите деца во светот ја поддржува иницијативата на Дипломатскиот клуб од Скопје, за преименување на аеродромот во Скопје со името на претседателот Киро Глигоров.

„Сите сме уверени дека заслугите и делата за нашата државност, мирот и стабилноста на Република Македонија се должат најнапред на неговите реални заслуги и меѓународна почит. Од тој аеродром полета авион со државотворната делегација предводена токму од претседателот Глигоров кон Организацијата на Обединетите Нации во Њујорк, каде прв меѓународен документ потпишан од претседателот е Конвенцијата за правата на детето. Тоа е факт на кој треба секогаш да сме горди што сме Накедонци и што го имавме Глигоров за претседател, и сите ние носиме родољубива обврска кон нашите поколенија за иднината на нашата држава да го негуваме споменот на делото на Глигоров“, се наведува во соопштението.