Вести, забава, спорт...

Македонија во солзи – уште една страшна сообраќајка со смртни последици

Дваесет и осумгодишен маж загина во сообраќајна несреќа во Прилеп.

Тој изгубил контрола над возилото и удрил во бетонски ѕид, го срушил ѕидот и влегол во двор на куќа, по што удрил во паркирано возило „дачија дастер“, при што починал на лице место, информираат од МВР.

Смртта била констатирана од екипа на итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица -Прилеп.