Вести, забава, спорт...

Одобрени обвиненијата на СЈО за кинеските патишта и за софтверот на ЕЛЕМ

Нови 2 обвиненија се одобрени од кривичниот суд за случаите на СЈО, дознава „Макфакс“. Станува збор за предметот „Траекторија“, за провизиите за кинеските патишта, каде што првообвинети се ексвицепремиерот Владимир Пешевски и ексминистерот Миле Јанакиески, заедно со поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта и експремиерот Никола Груевски. Обвинението, според соопштението за распределба на предмети го одобрила експретседателката на судот, Татјана Михајлова.

Судијката Лидија Петровска го одобрила и обвинението за предметот „Тарифа“, за набавката на софтвер за ЕЛЕМ. Според СЈО, обвинението дека е извршена злоупотреба на службената положба и овластување на службени и одговорни лица во постапка по јавна набавка на софвер – ЕРП Систем за потребите на АД ЕЛЕМ, при што осомничените лица со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација. Вредноста на склучениот договор за јавна набавка е 4.092.420 евра.

В. Маглешов

(Макфакс)