Вести, забава, спорт...

САД ДЕМОНСТРИРА СИЛА: Погледнете што испрати кон Северна Кореја (ВИДЕО)

За прв пат, после три децении, три носачи на авиони пловат во борбена формација во западниот дел на Тихиот океан.

Носачите „Роналд Реган“, „Теодор Рузвелт“ и „Нимиц“ со дополнителна флота учествуваат на четиридневна воена вежба, заедно со сојузничките сили на Јапонија и тоа со носач на хеликоптери и два брода.

Бродовите кои пловат по Јапонското море носат 200 борбени авиони.

Оваа воена вежба, според аналитичарите, претставува дополнително покажување сила кон Северна Кореја.