Вести, забава, спорт...

Снег целосно го окова регионот: Голем број несреќи, жителите без струја

Првиот посилен снег кој во понеделникот зафатил поголем дел од Словенија создал потешкотии во сообраќајот, особено на автопатот од Љубљана кон Копер кој, поради пролизгување на товарни и обични возила без зимска опрема, бил затворен во двата правци до попладневните часови.

Поради силните бури и снегот, уште во утринските часови дошло до дефект на електричната мрежа на подрачјето на словенскиот брег, каде без струја останале неколку илјади потрошувачи.

Инциденти поврзани со временските непогоди, силниот ветер и снег имало и на подрачјето на Нова Горица и Марибор, а поради преливање на помали потоци дошло до поплави во некои места на западот на државата, како и одрони на земјишта.