Вести, забава, спорт...

Успех на Арда Мустафаоглу на пијано натпревар во Брисел

Арда Мустафаоглу од Македонија ја освои третата награда во неговата категорија на третиот интернационален пијано натпревар „Triomphe de l’Art”, што се одржа на Кралскиот конзерваториум во Брисел, Белгија.

На натпреварот учествуваа 40 пијанисти од 15 држави: Белгија, САД, Холандија, Франција, Јапонија, Грција, Хрватска, Шпанија, Италија, Македонија, Русија, Австралија, Кина, Србија и Чешка.

Петнаесетгодишниот Мустафаоглу е еден од најталентираните македонски млади пијанисти. Годинава тој учествуваше и освои први места на пијано натпревари во Србија, Италија Бугарија и Турција.

(Макфакс)