Вести, забава, спорт...

Голема акција на руските служби: Уапсени 69 припадници на Исламска држава

Руската Федерална служба за безбедност соопшти денес дека нејзините припадници привеле 69 осомничени припадници на Исламска држава во полициска акција во Москва.

Осомничените се членови на Џамата Таблига, глобално сунитско движење кое е забрането во Русија како екстремистичка група, се наведува во соопштението.

Полициската акција следи после серија апсења во Русија поради поврзаност со припадници на ИД.