Вести, забава, спорт...

Хан доаѓа следната недела во Скопје

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, следната недела доаѓа во посета на Македонија.

Хан ја најави посетата на својот профил на „Твитер“, по средбите со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

– Со нетрпение ја очекувам мојата посета во Скопје следната недела во рамки на којашто ќе остварам политички средби и средби со претставници на цивилното општество, објави Хан на „Твитер“.