Вести, забава, спорт...

Јанкулоска: Сè што имав кажав во суд, стојам зад тоа

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во изјава за „Макфакс“ вели дека сè што сакала да каже го презентирала во суд и дека не отстапува од истото. Јанкулоска веќе подолг временски период е дистанцирана од јавноста. Таа вели дека нема коментар на обвинувањата и дека за сè се има произнесено во изминатиот период.

Пред една недела ексминистерката во судницата за време на рочиштето за случајот „Тенк“ се пожали дека се прекршени нејзните човекови права, и цитираше пресуди од Европскиот суд за човекови права за да објасни дека ` е нарушена приватноста.

К. Ландов