Вести, забава, спорт...

Ништо не боли како заб: Отстранете ја болката за 30 секунди – ЕВЕ КАКО

Секое оштетување на корен на заб предизвикува неподнослива болка. Постојат многу причини за дополнително оштетување на нервите, на пример: пропаѓање на заб, губење на заб, скршени заби, кариес, воспаление на непца…

Силната болка често го отежнува секојдневниот живот. Пациентот не може да спие, да јаде и да зборува. Ако често ве болат забите, најдобро е да се обратите кај стоматолог. Меѓутоа, понекогаш едноставно не можеме да одиме на заболекар, особено ноќе.

Во тој случај пробајте го овој домашен лек, кој привремено ја олеснува болката.

Состојки: 1/2 лажичка прав каранфилче; 1/2 лажичка кокосово масло.

Правот од каранфилче содржи еугенол – хемиско соединение кое ја ублажува болката. Кокосовото масло има антимикробни својства.

Подготовка: Во стаклен сад измешајте ги овие состојки и направете паста. Користете четка за заби и нанесете од пастата на забот. Повторете ја оваа процедура 3 пати дневно и болката ќе исчезне.