Вести, забава, спорт...

Расте бројот на загинати во страшниот земјотрес

Десетици илјади Иранци кои мора да живеат во шатори или на отворено по катастрофалниот земјотрес во неделата, очајнички молат за помош. Земјотресот се случи блиску границата со Ирак, а засега бројката на загинати изнесува 440, а околу 7.000 лица се повредени.

Иако иранската влада прави напори да достави помош во најтешко погодената провинција Керманшах, тоа не е доволно, оти изминатата ноќ беше втората едноподруго со температури под нулата.

– Живееме во шатор и нема доволно храна и вода. Студи, децата плачат. Се залепуваат за родителите за да се стоплат – вели 42-годишниот Али Гулани од селото Каср е Ширин.

Околу 200 последователни земјотреси го погодија регионот откако во неделата вечерта се случи потресот од 7,3 степени по Рихтеровата скала.

Извор: Мета.мк