Вести, забава, спорт...

Руската амбасада во Шпанија ги осуди наводите за вмешаност во ситуацијата со Каталонија

Дипломатското претставништво на Руската Федерација во Шпанија ги осуди тврдењата за интервенција на Москва во ситуацијата со Каталонија.

Претходно Кремљ, исто така, истакна дека каталонската криза претставува домашен проблем за Шпанија.

Во петокот тројца владини министри во Мадрид објавија дека голем дел од комуникациите за поддршка на независноста на Каталонија распространети низ социјалните мрежи биле испратени од Русија.

Вчера првиот дипломат на Мадрид, Алфонсо Дастис, и министерот за одбрана на Шпанија, Марија Долорес де Коспедал, изјавија дека располагаат со докази за руска интервенција во кампањата за независност на Каталонија.