Вести, забава, спорт...

Снег го затрупа регионот – еве каква е состојбата на Балканот

Снегот по улиците го забавува сообраќајот на поголем број патишта во високите планински предели во Босна и Херцеговина и Хрватска.

По снегот во Сараево, издаден е жолт метеоаларм во градот, а нови снегови се очекуваат и во следните денови на повеќе места низ Босна.

Прогнозирана е висина на снежната покривка помеѓу 5 и 15 сантиметри.

Снег падна и во Словенија и Хрватска, додека во Црна Гора прогласен е црвен метеоаларм поради дожд.

Во Хрватска поради бура затворен е автопатот А1 на Јадранската магистрала.