Вести, забава, спорт...

Важна вест за возачите – ако се фаќате за волан внимателно прочитајте го овој текст

На 15 ноември 2017 година, почнува да важи обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15 март наредната година. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со потсетување за законските одредби кои треба да ги почитуваат возачите за управување со возило во зимски услови.

Користењето и носењето зимска опрема во возилата се пропишани во член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во согласност со кој моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март, задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. На секој возач кој постапува спротивно на одредбите од овој член на законот ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.