Вести, забава, спорт...

Жителите во страв од сериски убиец, убива луѓе на излегување од автобус

Четврто лице по ред е убиено во областа Тампа, на Флорида, а жителите се повеќе стравуваат дека помеѓу нив се наоѓа сериски убиец.

Агенциите пренесоа дека жителите на квартот Семинола денес слушнале пукотници, нешто пред 5 часот наутро по локално време, а кога полицијата дошла на месото на настанот, пронашла само мртво тело на улица.

Полицискиот портпарол не можел да коментира дали ова денешно убиство е поврзано со низата од три убиства во период од само десет дена кои се случиле минатиот месец.

Сите тројца тогаш се застрелани среде ноќ откако излегле од автобуси, без очигледна причина. Никој од нив не е ограбен.

Полицијата оттогаш ги засилила контролите во квартот, но тоа очигледно не помогнало во спречувањето на последниот злочин. Првиот случај во низата е убиството на Бенџамин Митчел (22) на 9-ти октомври.

Непосредно после убиството, надзорна камера го снимила осомничениот со капа на глава како трча од местото на злочинот. Полицијата потоа ја објавила снимката.