НАСА објави сателитски снимки: Се создава нов остров во Тихи океан

НАСА објави сателитски снимки од создавање на нов остров во Тихи океан, кое го следи веќе три години.

Снимката прикажува еволуција на целосно нов остров во јужен Пацифик, наречен Hunga Tonga-Hunga Ha’apai. Островот е формиран 2014 годиниа после подводна ерупција на вулкан.

Туристи ја снимиле огромната ерупција, поради која летовите околу тоа подрачје биле откажани. Кога се расчистил чадот, останал видлив новиот мал остров.

Се наоѓа на околу 650 километри југоисточно од Фиџи. Снимките од развојот на островот во последниве три години се први сателитски снимки од создавање остров, истакнуваат научниците.

Во тренд…