Започнува сериско производство на нов калашников – еве како изгледа (Видео)

Започнува сериско производство на нов калашников – еве како изгледа (Видео)

Произведувачот на огнено оружје Калашников започна сериско производство на унапредената верзија на пушката АК-12.

Испораката на првата серија за руските сили е планирана до крајот на годината, изјави директорот на Ростек корпорацијата Сергеј Чемезов.

– Пред крајот на оваа година ќе ја извршиме првата испорака.

– Сите испитувања се објавени и почнуваме сериско производство. Потребната количина ќе ја испорачаме до крајот на годината, рекол Чемезов.