Револуција во транспортот: Летечкото такси „Airbus“ го изведе својот прв лет, во продажба веќе во 2020

Летечките такси се уште поблиску до реалноста откако оваа недела „Airbus“ за првпат го тестираше своето беспилотно летало во САД.

„Vahana“ е целосно електрично и автономно летало кое полетува вертикално, а неговиот прототип во средата полета во Орегон.

Полетало од висина од пет метри и после 53 секунди во воздух безбедно слетало. Следниот ден повторен бил истиот тест.

„Vahana“ би требало да биде едносед кој ќе донесе демократизација во личните летови, наведуваат од компанијата и истакнуваат дека ќе користи електричен погон.

Се наведува дека се очекуваат бројни тестови и понатамошен развој на леталото.

Шефовите на компанијата се надеваат дека леталото ќе биде спремно за продажба 2020 година.