Нова опција го тресе интернетот: Инстаграм воведува нешто што на милиони корисници нема да им се допадне!

Многумина од нас секојдневно прават скриншотиви, а потоа тие слики ги чуваме за себе или ги праќаме кај некој пријател за заедно да ги прокоментираме.

Отсега, тоа нема да биде така лесно.

Социјалната мрежа Instagram отсега ќе праќа известувања ако некој направи скриншот на вашето story.

Тоа значи дека и за вас ќе биде пратено известување доколку вие направите скриншто од нечие story.

Дали тоа ви се допаѓа? Не е баш пријатно некој да дознае дека сте направиле скриншот од негова фотографија.

Ете сега знаете дека треба да бидете внимателни бидејќи Instagram ќе ви дозволи да направите скриншот од само една слика, а веќе за следните ќе испраќа известувања.