(Видео) Како ќе изгледаат видеоигрите во блиска иднина?

Со напредокот на технологијата и сè посилните графички чипови на пазарот, сонот за фотореализам во видеоигрите полека станува јаве.

За достигнувањето презентирано во оваа објава заслужни се фантастичната Unreal 4-подлога и поранешниот работник во DICE, Ренс де Боер, кој со новото видео ги поместува границите на фотореализмот.

Притоа треба да се нагласи дека при креирањето на ова видео не се земени предвид достапноста, техничките ограничувања и ресурсите, туку авторот само сакал да добие што е можно пореалистичен графички рендеринг во реално време, што значи дека сè што го гледаме на екранот компјутерот го обработува во истиот момент и без паузи.

Во демо-видеото може да се види шумска средина со богата вегетација и со неверојатно високо ниво на детали. Во прилог на Unreal 4-подлогата уметникот ги користел и програмите SpeedTree, ExLevel и Allegorithmic за да го постигне саканиот ефект.

Иако ова е само демонстрација, само прашање на време е кога вакви графички детали ќе гледаме во идните видеоигри.

Во тренд…